Италијанскиот стручњак, Масимилијано Алегри следната сезона нема да го предвои шампионот Јувентус. Како што соопшти клубот на својата официјална веб страна, соработката ќе биде прекината по крајот на тековната сезона, а самиот Алегри утре на прес-конференција ќе и се обрати на јавноста.

Алегри на клупата на Јуве мина искчучитално успешни 5 сезони во кои на „бјанконерите“ им донесе 11 трофеи – пет титули во Серија А, 4 пехари во Копа Италија и два во италијанскиот суперкуп.

Како негови можни наследници се споменуваат Дидие Дешам, Маурицио Покетино и уште неколку звучни тренерски имиња. Неговиот наследник со сигурност ќе биде познат во следните два месеци, а како и минатите сезони, глевната цел ќе биде освојување на Лигата на шампионите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.