Македонската фудбалска репрезентација со најдобриот состав ќе и се спротивстави на Германија во вечерашниот квалификациски меч за СП во Дуисбург.
Недостасува само Несторовски кој има дисциплинска казна од Ангеловски и не е во репрезентацијата, сите останати се во составот.
Во првиот тим го нема Кире Ристевски, мечот ќе го почнат Дарко Велковски и Аријан Адеми кои беа неизвесни поради повреди.
Димитриевски е на голот, во одбраната се Муслиу, Велковски и Ристовски, на страничните позиции Алиоски и Николов, во средниот ред Адеми и Барди, пред нив Елмас, а во нападот Трајковски и Пандев.
Германија ќе игра со Тер Штеген на голот, во одбраната се Емре Чан, Гинтер, Рудигер и Госенс, во средниот ред Горецка, Кимих и Гундоган, странично ќе напаѓаат Хаверц и Сане, а со средината од нападот е Гнабри.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.