Синоќа почина Александар Закоски-Гризли, еден од најпознатите фудбалски работници во Македонија. Имаше 64 години, а причина за неговата смрт е коронавирусот.

Популарниот Гризли беше дел од раководството на Вардар, како спортски директор, кога овој тим ја мина ЦСКА Москва во квалификациите за ЛШ во 2003 година, кога финансиер на клубот беше Слободан Вујчиќ-Брацо. Беше и дел од раководството на Тетекс.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.