Техничкиот секретар на Барселона, Рамон Планес денеска преставувајќи го новиот играч Тринкао најголемиот дел од промоцијата одговашаше на прашања на новинарите поврзани со Лајонел Меси.

Веруваме во иднината на Лео Меси во Барселона. Не размислуваме за негово заминување, многу понуди на нашиот клуб, но и ние нему, тој е најдобриот играч во историјата. Интензивно работиме на решение Меси да остане, изјави Планес.

Тој верува дека Барселона има адут да го задржи својот најдобар играч.

Ќе го убедиме така што ќе создадеме основа за победа, доведовме нови играчи, млади, градиме иднина, а Меси го гледаме како дел од тоа. Не размислуваме ниту околу клаузула, ниту за трансфер, вели тој.

Претседателот на Барселона, Бартомеј не се огласи по повод веста дека Меси го нашушта клубот, а шпанските новинари наведуваат дека тој вешто ги избегнал контактите со нив, ниту пак се појавил на денешната конференција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.