Фудбалерите на Јувентус не успеаја да се опорават на време по вчерашниот шок кој им го приреди Кристијано Роналдо со трансферот во Манчестер јунајтед, и денеска загуби пред своите гледачи. Подобар од Јувентус на „Алијанц арената“ во Торино беше екипата на Емполи која славеше со минимални 0:1. Единствениот гол го постигна Леонардо Манкузо во 21 минута.

По овој пораз, изнеадувачки се наоѓа во долниот дел од табелата во Серија А по две кола бидејќи има само еден бод освоен во првото коло против Удинезе.

За разлика од „старата дама“, друг претендент за највисок пласман, Лацио одигра фантастичен натпревар и со 6:1 ја декласира Специја. Чиро Имобиле постигна хет-трик, а во листата на стрелци се запишаа уште и Фелипе Андерсон, Луис Алберто и Елсеид Хусај.

Резултати:
Аталанта – Болоња 0:0
Лацио – Специја 6:1
Фиорентина – Торино 2:1
Јувентус – Емполи 0:1



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.