Фудбалската федерација на Македонија на својата веб-страница објави на кои лица ќе им биде дозволен пристап на стадионот во Букурешт за време на Европското првенство на кое ќе настапи и македонската репрезентација и какви ќе бидат процедурите за влез на стадионот.
Земајќи ја предвид важечката национална легислатива во врска со развојот на спортски настани за време на пандемијата Ковид-19, следниве категории лица можат да присуствуваат на натпреварите ЕУРО 2020 на трибините на Националната арена во Букурешт:
А. Лица кои се вакцинирани против вирусот САРС-КоВ-2 за кои поминаа 10 дена од завршувањето на целосниот распоред за вакцинирање;
Б. Лица кои ќе презентираат негативен резултат на РТ-ПЦР тест не постар од 72 часа пред почетокот на натпреварот;
В. Лица помеѓу 15-ти и 90-ти ден по потврдувањето на инфекцијата со САРС-КоВ-2;
Д. Лица кои ќе презентираат негативен резултат заверен од медицинска организација (единица) за брз антиген тест не постар од 24 часа пред почетокот на натпреварот.
Носителите на билетите за натпреварите на ЕУРО 2020 на Националната арена во Букурешт кои спаѓаат во горенаведените категории, мораат да ја докажат имунизацијата за Ковид-19.
На веб-страницата на ФФМ можат да се најдат сите детали важни за навивачите кои ќе присуствуваат на натпреварите во Букурешт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.