Селекторот Благоја Милевски  попладнево на прес-конференција гo сподели своите очекувања од утрешниот натпревар на македонската фудбалска репрезентација против Ерменија во Скопје, во рамки на квалификациите за пласман на Светското првенство во 2022 година во Катар.

– Оптимист сум, иако немавме доволно време да ги пренесеме сите наши замисли и идеи. Но, верувам во фудбалерите и во нивниот професионализам. Тие се добри карактери и се адаптираат на сите нови замисли. Периодот е специфичен, многу од фудбалерите сè уште го немаат правиот натпреварувачки ритам, или имаат мала минутажа во своите клубови: Тоа може да биде наш проблем, но затоа се освежувањата во тимот. Знам дека ќе го дадат својот максимум и ќе потврдат дека со право се тука, изјави Милевски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.