Новиот тренер на Манчестер јунајтед, Ралф Рангник, нема да ја води екипата во четврток на дуелот од Премиер лигата против Арсенал, бидејќи неговата работна виза сè уште е во процес на одобрување.
Тоа значи дека тренерската улога на дербито против Арсенал и натаму ќе ја има Мајкл Карик, кој беше помошник на доскорешниот стратег на Јунјатед, Оле Гунар Солскјер.
Карик седеше на клупата на Јунајтед во победата над Виљареал во Лигата на шампиони минатата недела и во премиерлигашкото дерби против Челзи, кое заврши нерешено 1:1.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.