Холандски Ајакс на интересен начин го одбележа доаѓањето на своето прво засилување за следната сезона. Договор со клубот потпиша голманот Кјел Шерпен кој стигна од екипата на Емен, а тој морал да исполни еден необичен услов при доаѓањето во клубот.
Шерпен мораше 100 пати да напише „Ајакс е најдобар клуб во Холандија“, бидејќи претходно признал дека е голем навиивач на ривалот Феенорд.
Шерпен својата казна во стил на Барт Симпсон ја извршил под буното око на легендите на Ајакс кои сега се дел од раководната структура на клубот, Марк Овермарс и Едвин ван дер Сар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.