Светските медиуми деновиве јавуваат за неколку навистина необични пропусти кои се случија при гласањето за „Златната топка“. Престжното признание пред пет дена во Париз го доби Лука Модриќ и ја прекина десетгодишната доминација на Роналдо и Меси.

Сепак, се чини дека не било сè баш така регуларно кога стнува збор за гласањето на новинарите за оваа награда. Откако во вторникот се огласи Ласана Либурд, новинар од Тринидад и Тобаго и порача дека редоследот на неговите гласови е променет, односно дека гласал за Меси, а не за Гризман, сега се случи нова интересна ситуација.

Имено, Французите се сомневаат дека новинарот од Коморските Острови, Абду Боина, воопшто не постои. Порталот за кој работел, albaldcomores.com, е згаснат уште пред шест години, а човекот со тоа име е невозможно да биде пронајден.

Инаку, тој (без разлика кој и да е) гласал на следниот начин: Мбапе, Модриќ, Роналдо, Азар, Салах.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.