Суперинтересен меч во Букурешт, Франција-Швајцарија 3-3 по 90 минути игра, ќе се играат продолженија на „Националната арена“. Швајцарија поведе со голот на Харис Сеферовиќ, најави изненадување по 45 минути игра. Во вториот дел Франција стигна до голем пресврт со три гола, Бензема погоди два пати, а Погба со прекрасен гол ја доведе Франција до предност од 3-1.

И кога се чинеше дека Швајцарците ги загубија сите шанси, а не искористија и пенал, во Сеферовиќ во 81 и Гаврановиќ во 90 минута постигнаа два гола и го носат мечот во продолжение.

Извор: Дриблинг


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.