Репрезентацијата на Шпанија не успеа да дојде до победа ниту во вториот одигран натпревар на Европското првенство.
По нерешениеот исход против Шведска во првото коло, Шпанците ремизираа и против Полска, со резултат од 1:1.
Шпанија во најголем дел од натпреварот имаше контрола на топката, а имаше и водство од 25 минута со голот на Алваро Мората.
Најдраматичниот дел од мечот беше периодот од 54 до 58 минута кога прво Полска израмни преку Роберт Левандовски, а потоа Џерард Морено не реализира пенал.
Со овој бод, Шпанија со два бода е на третото место во групата Е, зад Шведска со четири и Словачка со три бодови. Последна е Полска која има само еден бод. Во последното коло Шпанците ќе бараат пласман во осминафиналето против Словачка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.