Голманот на германската репрезентација и на Баерн Минхен, Мануел Ноер (37), се врати во тренажен процес пет месеци откако се повреди, објави денеска баварскиот фудбалски гигант.

Ноер минатата зима на скијање доби фрактура на десното потколено и се хеликоптер итно беше пренесен во болница каде следниот ден беше опериран.

Баерн објави попладнево дека Ноер се вратил на теренот и почнал со индивидуални тренинзи.

„Среќен сум и не поставувам конкретен датум за враќање. Се обидувам да сторам сè што можам за да извлечам максимум и да напредувам што е можно побрзо“, порача Ноер.

„Секој ден е чекор напред“, додаде германскиот чувар на мрежата, кој во дресот на Баерн има 489 настапи, освојувајќи 29 трофеи, од кои десет титули германски првак и две во Лигата на шампиони.

Откако Ноер се повреди, Баерн го ангажираше швајцарскиот голман Јан Зомер (34), кој потпиша договор до лето 2025 година



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.