Тренерот на Баерн Минхен, Нико Ковач, откако неговиот тим го доби Ливерпул за противник во осминафиналето од Лигата на шампионите, рече дека го добиле најтешкиот можен противник.
Најтежок противник. Водечки тим во Премиер лигата и минатогодишни финалисти во ЛШ. Не очекуваат два исклучително тешки натпревари. Тие се еден од фаворитите за трофејот. Сепак ние сме Баерн. Реваншот е кај нас. Шансите за пласман понатаму ги оценувам со 50:50. Се надевам дека ние ќе поминеме, изјави Ковач.
Првиот дуел од осминафиналната пресметка меѓу Ливерпул и Баерн е закажан за 19 февруари на „Енфилд“, а реваншот е на 13 март.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.