Англискиот фудбалски гигант, Манчестер јунајтед вчера загуби во големто дерби против Арсенал, што е втор пораз откако на клупата седна Оле Гунар Солскјер, па „црвените ѓаволи“ се чини дека платија за чудото од Париз и пласманот во четвртфиналето во Лигата на шампионите.

Иако на „Олд Трафорд“ сите се презадоволни од работата на Норвежанецот, дел од легендите на клубот сметаат дека „црвените ѓаволи“ немаат тим кој може во моментов да им се спротивстави на Манчестер сити и Ливерпул.

Јунајтед мора да најде 350 милиони евра за да се засили и да може да се носи со Ливерпул и Манчестер сити, вели Гери Невил, посочувајќи дека потребни се три дефанзивци и по еден фудбалер за врска и напаѓач.

Оле мора да има подготвен тим до крајот на ноември, кога и ќе започне новата шампионска трка. Веќе и не е тајна што недостига, додал поранешниот дфанзивец на Јунајтед.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.