Фудбалерите на бундеслигашот Херта Берлин, кои не се вакцинирани против корона вирус, во иднина самите ќе мора да ги плаќаат ПЦР тестовите.
Според важечките правила во германското првенство, фудбалерите мора да се тестираат за корона вирус два пати неделно.
Во Херта таквите тестирања во последното време се бројни поради значителен број на заразени и заболени фудбалери од минатата сезона.
ПЦР тестирање во Германија чини околу 70 евра, а портпаролката на Херта потврди дека фудбалерите на овој клуб од Берлин ќе мораат самите да ги плаќаат тестовите.
Членот на извршниот одбор на клубот и поранешен фудбалер, Фреди Бобич, изјави за локалните медиуми дека околу 90 отсто од нивните фудбалери се вакцинирани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.