Македонската фудбалска репрезентација до 18 години попладнево одигра 2:2 на гостувањето во Ѓер, во пријателски дуел против соодветната селекција на Унгарија.
Унгарците први дојдоа во водство по седум минути игра, но за само две минути, од 34-36. минута „црвено-жолтите“ направија резултатски пресврт со головите на Бесар Гуџуфи и Никола Павлески.
Сепак, избраниците на селекторот Неџат Шабани, слично како на мечот пред два дена, во финишот (80. минута) примија гол и пропуштија да слават победа.
Во вторникот, двете репрезентации одиграа нерешено 1:1.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.