Италијанскиот шампион, Јувентус се соочува со неочекуван проблем пред тргнувањето за Амстердам за гостувањето кај Ајакс, меч кој е закажан за утре. Капитенот на тимот, Џорџо Киелини во последен момент се пожалил на повреда и не тренирал денеска со тимот, па неговиот настап на првиот четвртфинален натпревар против Ајакс е под знак прашалник.

Јувентус попладнево тргнува за Амстердам, па се уште е неизвесно дали одличниот дефанзивец воопшто ќе биде во тимот за првиот меч од четрвт-финалето во Лигата на Шампионите.

Покрај Киелини, Алегри нема да може да смета ниту на помошта на Емре Џан. Германецот го повреди скочниот зглоб на дербито со Милан и мораше да биде заменет уште во првото полувреме, па иако повредата не е премногу сериозна, Германецот сепак нема патува за Холандија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.