На вчерашниот натпревар помеѓу Хановер и Баер Леверкузен кој беше одигран во лоши временски услови се случи и еден интересен момент.

Имено, при резултат 0-2 за гостинскиот тим, домашниот Хановер имаше огромна шанса да ја намали предноста на Леверкузен. Харагучи направи сè како што треба шутирајќи ја топката кон празниот гол на Леверкузен, но тогаш снегот се испречи на патот и ја успори топката која застана буквално пред гол линијата од каде Џонатан Тах експресно ја расчисти ситуацијата.

Потоа натпреварот беше во прекин одреден период поради временските неприлики, за на крајот истиот да се доигра, а „Фармацевтите“ славеа возбудлива победа од 2-3.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.