Фудбалската федерација на Македонија на својата фејсбук-страница објави дека нема повеќе билети за мечот меѓу Македонија и Косово кој на 26 март треба да се игра на арената „Тодор Проески“ во Скопје. Тоа е полуфинален бараж-меч за пласман на Европското првенство, а победникот ќе игра во финалето од баражот против подобриот од дуелот Грузија – Белорусија.

Ова е првпат билети за меч на Македонија во Скопје да се распродадат на 20 дена до почеток на средбата. И покрај тоа што сите билети се распродадени, сега постои голема веројатност мечот сепак да се игра без публика, а на тие коишто купиле билети, да им се вратат парите.

Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес конференција на која информира за последните случувања со епидемија на коронавирусот во државата, изјави дека тој лично смета оти натпреварот од полуфиналето во Лигата на Нации помеѓу Македонија и Косово кој е закажан за 26 март на Националната Арена „Тодор Проески“, да се одигра без присуство на гледачи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.