Би сакал јавно да го замолам градоначалникот Петре Шилегов, советниците на ВМРО-ДПМНЕ, на СДСМ да видат што можат да направат за помош на фудбалскиот клуб „Вардар“, рече Нелоски вечерва во емисијата Клик плус на телевизијата 21.

Тој му подари амблем од клубот „Вардар“ на Шилегов за да го потсетува да се реши проблемот на клубот.

Јас сум бил дел од младинската екипа, и подоцна, сум освоил шампионска титула…Затоа молам да се издигнат советниците над политиката, бидејќи тој е наша гордост. Ова не е политички популизам, туку да направиме се што е во наши раце да му помогнеме на фудбалскиот клуб Вардар. Да нема леви и десни во оваа одлука да се издигнеме нас политиката, рече Нелоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.