ПСЖ вчера претрпе пораз во финалето на Купот на Франција од Рен по изведувањето на пенали, а тој пораз очигледно тешко им падна на ѕвездите на францускиот клуб.
Килијан Мбапе доби црвен картон за жесток старт во 118. минута, а Нејмар после натпреварот направи скандал со удирањето на еден навивач. Фанот ги провоцираше играчите на ПСЖ кои се упатуваа кон ложата, а на неговите провокации Бразилецот не успеа да издржи и да не му возврати.
По натпреварот Нејмар призна дека не требало да изреагира на тој начин.
Требаше ли да постапам така? Дефинитивно, не. Но, тешко е да се остане мирен во такви ситуации, изјави Нејмар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.