Бразилската ѕвезда како млад играше за Сантош, а синоќа остана без глас навивајќи за ривалот Фламенго.
Најголемата ѕвезда на бразилскиот фудбал, Нејмар, го загуби гласот во грлото откако со сета сила викаше после вториот гол на Габриел Барбоса за победа на Фламенго над Ривер плејт во финалето на Копа Либертадорес. Нејмар кариерата ја почна во Сантош, но иако е легенда на тој клуб, синоќа навиваше за ривалот Фламенго, и покажа дека кога патриотизмот му е посилен од клупскиот интерес.
Сепак, Фламенго е бразилски клуб и секако Нејмар не сакаше да навива за Аргентинците, туку за своите сонародници, без разлика што навивачите на Фламенго го имаат навредувано во минатото кога играше за Сантош.
Neymar when Flamengo scored the winning goal 😂 pic.twitter.com/0Cx9QoxkmL
— Brasil Football 🇧🇷 (@BrasilEdition) November 23, 2019
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.