Францускиот шампион, Пари Сен Жермен прави сé што е потребно за да осигура дека Нејмар и Килијан Мбапе остануваат во тимот на подолг период. Доказ за ова е договорот меѓу Националната Банка на Катар и Нејмар, кој ќе биде нејзин глобален амбасадор.

Пари Сен Жермен е во сопственост на катарското кралско семејство преку компанијата „Катар Спорт Инвестментс”, а банката исто така е контролирана од кралското семејство.

Како дел од договорот, Нејмар ќе се појавува во рекламните кампањи на банката и ќе користи различни бенефиции. Токму Катарската национална банка го финансираше рекордниот трансфер на бразилскиот напаѓач од Барселона во ПСЖ во текот на летото на 2017 година за 222 милиони евра.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.