Бразилската фудбалска ѕвезда, Нејмар по долгата пауза заради повреда ќе биде подготвен да одигра неколку натпревари до крајот на сезоната. Тој заработи потешка повреда уште во јануари, а денеска го одработил првиот тренинг со својот тим.
Неделава тој ќе тренира по посебен режим од останатите фудбалери на ПСЖ со цел полека да се врати во форма. Нејмар го повреди стапалото на 23 јануари на натпреварот против Стразбур го Купот на Франција.
Најскапиот фудбалер во светот ги пропушти двата натпревари против Манчестер јунајтед во осминафиналето од Лигата на шампиони, во кои ПСЖ доживеа елиминација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.