Раководството на Пари Сен Жермен со нетрпение го очекува Нејмар да се врати во Париз откако Бразилецот не се појави за стартот на претсезонските подготовки на 8-ми јули. Најновите информации велат дека напаѓачот ќе се качил на авионот синоќа и денеска ќе биде во францускиот главен град каде ќе се одржи средба меѓу него и спортскиот директор на парижаните, Леонардо.
Не е тајна дека Нејмар сака да го напушти ПСЖ и да се врати во Барселона.Овој трансфер ќе биде тешко да се реализира имајќе ја в предвид цената на 27-годишниот фудбалер.
Од ПСЖ го критикуваа Бразилецот за неговото доцнење, а неговиот татко изјави дека Нејмар има право на една недела дополнителна одмор поради повикот за националниот тим на Бразил. Напаѓачот сепак не играше на Копа Америка, бидејќи се повреди пред почетокот на турнирот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.