Eмотивниот говор на Нејмар за време на неговата роденденска забава го доведе фудбалерот и присутните до солзи. Втора година по ред повреден и на патерици го прославува својот роденден.

Навистина ми е многу тешко, особено кога ќе се видам со овие патерици. Сепак, вие ме правите среќен и ми ја давате потребната поддршка да бидам уште посилен. Многу сакам да се вратам на она што најдобро го знам, сакам да играм фудбал, тоа е во мојата крв. Доколку би можел да бирам подарок, тоа сигурно ќе беше нова метатарзална коска, рече Нејмар пред гостите.

Бразилецот, наводно, сакал да ја откаже забавата, но потоа се предомислил зашто не сакал да ги разочара пријателите. На забавата за неговиот 27 роденден во Париз присуствуваа 500 гости.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.