Напаѓачот на Пари Сен-Жермен, Нејмар изјави дека тој бил цел на расистичка напад од страна на играч на Олимпик Марсеј за време на поразот на францускиот шампион од 1: 0 во Лига 1 во неделата.
28-годишникот беше еден од петте играчи кои за време на натпреварот на домашниот стадион на ПСЖ беа испратени на клупа, откако започна тешка тепачка на теренот за време на прекин на натпреварот поради повреда.
Напаѓачот го удри шпанскиот дефанзивец на Марсеј, Елваро Гонзалес по задниот дел од главата и судијата му покажа директен црвен картон.
Како што го напушташе теренот, се верува дека напаѓачот му зборувал на четвртиот судија за наводен инцидент на расистичко злоставување – иако подоцна тој не го именуваше директно вклучениот наводен играч на Марсеј.
Во серија твитови по натпреварот, Бразилецот напиша: „Единствено жалам што не го погодив овој идиот во лице.
Во друг твит тој напиша:
ВАР фаќањето на мојата „агресија“ е лесно … сега сакам да ја видам сликата на расистот кој ме нарече „МАМУНСКИ СИН НА КУ*КА“. Јас навистина би го сакал тоа! Ако направам „виножито движење“, вие ме казнувате. За шлаканица, ме испраќате на клупа. А нив? Што?, пишува Нејмар.
Самиот Гонзалез се огласи на Твитер негирајќи каков бил инцидент:
Нема место за расизам. Чист лизгачки старт кој со многу соиграчи го правиме секој ден. Понекогаш треба да научите како да изгубите и да го прифатите тоа. Неверојатни три бода денес, напиша Гонзалес.
Напаѓачот на Пари Сен-Жермен, Нејмар може да биде суспендиран на период од 4 до 7 натпревари заради однесувањето на натпреварот.
При разгледување на овој случај, Дисциплинскиот комитет на Француската професионална фудбалска лига ќе се потпре на регулативата на Француската фудбалска федерација, која предвидува дисквалификација до седум натпревари за такво однесување. Одлуката за тоа колкава казна ќе добие ѕвездата на ПСЖ ќе биде донесена в среда.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.