Фудбалерот на Пари Сен-Жермен, Нејмар постигна два гола на натпреварот во француското првенство во кој парижаните славеа против Бордо со 3:2.

Со ова, 29-годишниот бразилски фудбалер ги постигна 400. и 401. гол во кариерата.

Нејмар за ПСЖ во сите натпреварувања има постигнато 90 гола, 136 голови постигна за Сантос, 105 за Барселона и 70 за репрезентацијата на Бразил.

Со двата гола, Бразилецот се искачи на 8. место меѓу најдобрите стрелци во историјата на парискиот клуб. Нејмар го помина Анхел Ди Марија, кој има постигнато 89 гола во дресот на ПСЖ.

Рекордер на ПСЖ е Единсон Кавани (200). Во топ 7 се и Златан Ибрахимовиќ (156), Килијан Мбапе (139), Паулета (109), Доминик Рохто (100), Мустафа Далеб (98) и Франсоа Мпеле (95).



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.