Првиот човек на Сантош, Жозе Карлос Переш открива дека раговарал со луѓе блиски до Нејмар и понудил напаѓачот да се врати на „Урбано Калдеира“ на шест месеци.
Бразилецот сака ова лето да стави крај на авантурата во Париз и да замине од ПСЖ. Камп Ноу е дестинацијата која ја преферира, но преговорите помеѓу „светците“ и Барселона со полни со препреки.
Реал Мадрид во последните неколку денови се најавува како можна дестинација, а претходно се говореше дека тој бил понуден на клубови како Манчестер јунајтед и Јувентус.
На негова адреса пристигнала и изненадувачка понуда од Сантош. Клубот од Бразил се понудил да помогне, Нејмар да ги заборави сите проблеми и да се фокусира само на фудбалот, и потоа на почетокот од 2020 да се врати во Европа.
Секако одговорит бил негативен, но Сантош си ја пробал среќата со оглед на тоа дека нема што да загуби.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.