Полицајци со штитови го бранеа напаѓачот на Пари Сен-Жермен, Нејмар при ударите од корнер, синоќа на натпреварот (0:0) од 11. коло против домаќинот Марсеј.

Органите на редот го заштитија играчот од навивачите на домашната екипа кои фрлаа разни предмети од трибините.

-Лудило во Марсеј ??? – стои на видеото објавено на социјалните мрежи на кое се гледа на што е изложен Нејмар при ударите од аголот.

Ривалството меѓу ПСЖ и Марсеј е едно од главните конфронтации во францускиот фудбал, а натпреварите меѓу овие екипи се нарекуваат „Ле Класико“ или „Дерби на Франција



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.