Трансферот на фудбалерот на Реал Мадрид, Герет Бејл во кинескиот Јиангсу Сунинг, по се изгледа нема да се реализира. Шпанските медиуми веќе го најавија неговото заминување како завршена работа, но викендов беше објавено дека трансферот пропаднал.
Причината поради која Велшанецот наводно се поколебал да замине во Кина, е неговото семејство кое успеало да го убеди да не оди во далечната Кина.
Шпанските медиуми наведуваат дека 30-годишниот напаѓач одлучил да земе неколку слободни денови за да размисли околу конечната одлука, а дека Кинезите му дале рок до 31 јули да им го даде конечниот одговор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.