Елиф Елмас e  во немилост на тренерот Гатузо откако утрово беше објавено дека македонскиот репрезентативец бил избркан од вчерашниот тренинг на „наполитанците“.

Не станувало збор за недисциплина, туку за „недоволна активност на Елмас на тренингот“, поради што незадоволниот Гатузо решил да го испрати македонскиот „дијамант“ во соблекувалната. Според првичните најави, ова значи дека Елмас нема да се најде ниту на клупата за следниот меч од Калчо-чигата, дерби-дуелот со Лацио.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.