Регионалната телевизија „Ал Џазера Балканс“ пред пет години за 25-годишницата од хаосот на фудбалскиот меч меѓу Динамо и Црвена Звезда, кој ја смени историјата на Балканот,  објави документарец под името „Недела, 13.“ во која сведочат скоро сите инволвирани во несреќниот фудбалски меч кој наместо првак на Југославија го најави распаѓањето на тогашната држава СФРЈ.

Во документарецот сведочат навивачи и водачи на БББ и Делии, високи полициски структури, се рекапитулира каде, кој и како згреши во обезбедувањето на мечот, како полицијата без основна опрема требаше да се бори со разулавената толпа загрепчани на теренот, но и како се направени сериозни пропусти од доаѓањето на белградските хулигани, па се до експлозија на насилство на стадионот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.