Илјадници Аргентинци се собраа денеска во центарот на Буенос Аирес барајќи правда за Диего Марадона, откако истрагата за смртта на фудбалерот со статус на икона во Аргентина сè уште не даде никакви одговори.
„Не умре, го убија“, порачаа учесниците на протестот, кои со знамиња и пеење навивачки песни се собраа пред историското обележје на Буенос Аирес, Обелискот во центарот на градот
„Сакаме судење и казни за виновниците“, и „Правда за Диего“ беа дел од транспарентите истакнати на протестот, на кој присуствуваа и поранешната сопруга на Марадона, Клаудија Вилафане и двете негови ќерки Далма и Џанина.
Еден од најдобрите светски фудбалери на сите времиња почина на 25 ноември минатата година, лекувајќи се голем дел од животот од зависност од дрога и алкохол.
Како официјална причина за смртта сè уште стои наодот дека му откажало срцето, но истрагага што треба тоа да го потврди или отфрли и натаму трае.
Семејството на Марадона смета дека починал поради лекарска негрижа.
Според пишувањето на аргентинскиот печат, под истрага се седум луѓе, вклучувајчи ги личниот доктор на Марадона, Леополд Лике, психологот Карлос Дијаз и медицинските сестри Жизел Мадрид и Рикардо Амирон
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.