Репрезентативецот на БиХ, Миралем Пјаниќ (31), и официјално е нов фудбалер на турскиот гигант Бешикташ.
Клубот од Истанбул потврди на својот на својот официјален сајт дека за едногодишната позајмица на Пјаниќ ќе треба да издвои 2.75 милиони евра, додека остатокот од плата натаму ќе ја покрива Барселона (вкупно 8.5 милиони евра).
Искусниот играч за врска ја напушти Барселона точно една година, откако во трансфер вреден 65 милиони евра дојде во каталонскиот клуб од Јувентус.
Пјаниќ предизвика големо воодушевување кај навивачите на Бешикташ по пристигнувањето во Истанбул каде сега го очекува нов предизвик да му помогне на новиот клуб во одбрана турската титула
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.