Фудбалерот на Јувентус, Метју де Лихт се најде во интересите на Реал Мадрид, објави „Ел Мундо Депортиво“.
Клубот на Мадрид планира да ја зајакне одбранбената линија во текот на летото и се обидува да се стекне со холандскиот дефанзивец. Клупското раководство го гледа 20-годишниот играч како потенцијална замена за Серхио Рамос и наследник на Рафаел Варан.
Де Лихт му се придружи на Јувентус минатото лето од Ајакс за 85 милиони евра. Оваа сезона дефанзивецот настапи на 27 натпревари за „бјанконерите“, постигнувајќи два гола
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.