Одличниот играч за врска на Реал Мадрид, Иско Аларкон, не е во составот за вечерашната пресметка против Барселона во реваншот од Копа дел реј. Првиот натпревар во Барселона заврши со резултат 1-1, па во Мадрид „кралевите“ ќе ја дочекаат Барселона со за нив поволен резултат, а ќе имаат и предност поради своите фанови на „Сантијаго Бернабе“.

Иско иако се врати по повредата, се чини дека и тоа не е доволно за Солари сериозно да смета на него, а со ова уште еднаш се потврдуваат шпекулациите дека несогласувањата помеѓу него и Солари се причината Шпанецот да не добива скоро никаква минутажа.

Тоа уште еднаш предизвика дебата кај фановите, односно сомнеж дека скоро сигурно на лето Иско ќе замине, доколку Реал го остави Солари како перманентно тренерско решение на клупата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.