Навивачки инциденти на трибините предизвикаа привремен прекин на два натпревари од 2. коло во фудбалската Лига Европа.

Инцидент од поголеми размери се случи на натпреварот во Лондон меѓу Вест Хем и Рапид (2:0), кога во 28. минута, при водечкиот домашен гол, постигнат од Деклан Рајс, група од 40-ина симпатизери на австрискиот тим испровоцирани од домашните навивачи ја пробија заштитната ограда и тргнаа во физичка пресметка.

Обезбедувањето на стадионот очајнички се обидуваше да спречи судири меѓу навивачите на двете екипи, пред да интервенира полицијата и да спречи хаос на трибините.

Инциденти го одбележаа и натпреварот меѓу Олимпик Марсеј и Галатасарај (0:0) што доведе до осум минутен прекин на дуелот на стадионот „Велодром“.

Иако беа сместени на различни трибини на стадионот, состојбата ескалираше кога навивачите на двете екипи почнаа меѓусебно да се гаѓаат со факели.

Состојбата се смири откако тренерот на Галатасарај, Фатим Терим и капитените на двете екипи апелираа до навивачите да ги смират страстите, а интервенираше и полицијата на стадионот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.