Управата на ПСЖ тргна во офанзива за потпис на Пол Погба, чиј договор со Манчестер Јунајтед истекува на крајот од новата сезона, со што и неговата цена на пазарот падна на околу 50 милиони евра. Челниците на клубот сакаат фудбалската суперѕвезда уште летово да пристигне на „Паркот на принцовите“, но навивачите на ПСЖ јасно ставија до знаење дека не сакаат да го видат Погба во својот тим.
Јасна порака за тоа беше испратена со транспарентот што денеска се појави пред тренинг-комплексот на „светците“, на кој пишуваше: Погба, слушај ја мајка ти… така не те сака овде, не пак ние…
Пол Погба уште во младинските категории си замина од Франција и се приклучи на младинската школа на Манчестер Јунајтед. Таму не доби шанса од Сер Алекс Фергусон, па како слободен играч се пресели во Јувентус, каде се лансираше како една од новите ѕвезди на светскиот фудбал. Следеше камбек во Јунајтед во трансфер вреден 100 милиони евра, но како што стојат работите Французинот повторно ќе си замине од „Олд Трафорд“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.