Трансферот на Матаис Де Лихт од Ајакс во Јувентус денеска ќе се официјализира, а ако се суди според одличниот пречек што холандскиот репрезентативец го доби денеска од фановите, тој ќе биде еден нивните миленици. Деветнаесет годишниот дефанзивец синоќа слета во Торино и се очекува до крајот на денот официјално да стане фудбалер на „бјанконерите“.
Според италијанските медиуми, оштетата која италијанскиот шампион ќе ја плати за него ќе биде околу 75 милиони евра.
Спортскиот директор на Ајакс, Марк Овермарс веќе потврди пред холандскиот печат дека се чекаат само банкарските гаранции за се да биде подготвено на ниво клуб-клуб.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.