Ужасната организација на финалето во Лигата на шампиони (ЛШ) го одложи мечот меѓу Реал Мадрид и Ливерпул, а навивачите со билети сè уште не можат да влезат на стадионот.

Навивачите без билети го искористија пропустот на организаторите и скокаа преку огради за да им избегаат на редарите.

На социјалните мрежи се појави и видео како навивачи со билети се молат да ги пуштат внатре, но еден редар ги прска со солзавец.

Извор: Спорт1.мк



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.