Саво Милошевиќ е пред заминување од Партизан откако пред неполн месец доживеал непријатен момент во клупскиот ресторан.
Според „Блиц“, дел од водачите на Гробарите прво вербално го нападнале Милошевиќ во ресторанот, а потоа тренерот добил и неколку шлаканици од навивачите.
Навивачите биле лути затоа што Милошевиќ не дошол на состанок со нив кој бил закажан за претходниот ден. Па кога го сретнале во ресторанот, револтот го искажале и со шамарање на тренерот.
Саво Милошевиќ тешко дека ќе помине преку ваквото примитивно однесување на навивачите на Партизан, се претпоставува дека тренерот наскоро ќе си замине од клубот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.