Фудбалот во Хондурас донесе сцена каква ретко се гледа на терените. За да го спаси сопствениот живот, судијата на еден аматерски натпревар мораше да извади пиштол, па дури и да испали еден куршум.
Поради случувањата на теренот, навивачи се обидоа да го линчуваат, но тој изгледа г предвидел сето тоа и имаше подготвен одговор. Кога тие тргнаа кон него, судијата го извади пиштолот од својот шорц и пукна во воздух, а тоа беше доволно насобраната толпа да се разбега, а тој да се одбрани.
Откако стана јасно дека нема да се вратат, судијата го напушти теренот и замина во соблекувална, а според информациите, немало натамошни инциденти.
Извор: Спортклуб
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.