Голманот на Реал, Кејлор Навас сака да го напушти мадридскиот тим, објави „Марка“.
Според шпанскиот медиум, 32 – годишниот фудбалер и репрезентативец на Костарика сака да добие стандардно место во првиот состав во новиот клуб.
Минатата сезона Навас одигра 21 натпревар за Реал Мадрид. Договорот на Навас важи до 30 јуни 2020 година.
Вредноста на голманот на фудбалскиот пазар се проценува на 10 милиони евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.