Колумбискиот фудбалер на Реал Мадрид, Хамес Родригез е се подалеку од трансфер во Наполи и е незадоволен од фактот што италијанскиот клуб одбива да ја плати бараната сума за да го комплетира неговиот трансфер. Според шпанските медиуми, Атлетико Мадрид е нов фаворит за неговиот потпис.

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис и тренерот Карло Анчелоти објавија дека преговорите со Реал за Хамес не дале плод, а тоа најверојатно ќе ги присили да бараат други алтернативи.

Ситуацијата би можел да ја искористи од градскиот ривал Атлетико Мадрид, а цената која Реал ја бара за играчот од 42 милиони евра, „јорганџиите“ се спремни да ја платат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.