Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, откри дека клубот одбил понуда повисока од 100 мил. евра за трансфер на дефанзивецот Калиду Кулибали.

Медиумите шпекулираат дека заинтересираниот клуб бил Манчестер Јунајтед, а англискиот тим се обидува во зимскиот преоден рок да го ангажира Сенегалецот.

Ние сме во состојба да развиваме млади играчи во нашиот клуб и потоа да ги задржиме на долг период тука. Кога ќе ни понудат 105 милиони евра за централен дефанзивец, тоа е знак дека се работи за врвен играч. Никој никогаш не понудил толкава сума за играч од одбраната, рекол Де Лауренти за „Кориере дел Мецоџорно“.

Кулибали, оваа сезона одигра 22 натпревари за Наполи, а на „Сан Паоло“ пристигна во 2014 година од Генк за сума од осум милиони евра.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.