Недоразбирањата меѓу Наполи и полскиот фудбалер Аркадиуш Милик е на пат да заврши на суд.
Како што објави италијанскиот весник „Кориере дело спорт“, италијанскиот прволигаш по судски пат ќе бара да наплати еден милиопримањан евра од полскиот напаѓач, поради наводно нарушување на клупскиот имиџ преку кршење на одредби од договорот, што Милик го потпиша со Наполи во 2016 година.
Од друга страна, Милик е подготвен по судски пат да бара од Наполи да му ги намири обврските околу неисплатени примања.
Несогласувањата меѓу Наполи и Милик кулминираа кога 26-годишниот напаѓач одби да го продолжи договорот, со што идното лето може да го напушти клубот без обештетување. Во меѓувреме, раководството на Наполи му го „замрзна“ статусот и Милик веќе не е во плановите на тренерот Џенаро Гатузо.
Милик дојде во Наполи од Ајакс во 2016 година за 35 милиони евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.