Нант ќе поднесе жалба до ФИФА против активностите на Кардиф, јавуваат британските медиуми. Францускиот клуб сака да добие 15 милиони евра за трансферот на напаѓачот Емилијано Сала.

Раководството на Нант побара од колегите во Кардиф да им ја исплатат договорената сума за трансферот, клубот од англиската Премиер лига одби повикувајќи се на фактот дека истрагата на околностите околу смртта на Сала се уште не е завршена.

Од Кардиф инсистираат сите детали за организацијата на летот да бидат испитани, особено кој е одговорен за тоа што се случило и дали пилотот Дејвид Иботсон, кој исто така почина, имал доволно квалификации за сам да го изведе летот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.