Трагедијата со исчезнувањето на аргентинскиот фудбалер Емилијано Сала може да го промени фудбалот. Напаѓачот премина од француски Нант во Кардиф, но авионот со кој замина кон новиот клуб, исчезна.

Ситуацијата е комплицирана во однос на финансиските односи помеѓу Нант и Кардиф. Тимот на Премиер лигата не сака да плати 15 милиони фунти за трансферот, а најави и дека ќе ги тужи агентите на Сала. Според Кардиф, менаџерите не биле во можност да организираат легален лет за нивниот клиент и го пуштиле да патува со пилот, кој нема комерцијална дозвола за летање.

Нант пак има документ кој потврдува дека играчот не е нивна сопственост и му припаѓа на Кардиф и клубот мора да плати за играчот. Од друга страна, трансферот на играчи во клубови од различни земји бара посебен сертификат за трансфер (ITC), кој недостасува. Токму неговото отсуство ќе им овозможи на адвокатите на Кардиф да бараат и да го оспорат плаќањето на износот на трансферот.

Не е јасно како ќе се заврши овој случај, но јасно е дека претстои долготрајна судска постапка. Исходот од неа најверојатно ќе ги промени правилата на фудбалот, кои се однесуваат на овој аспект.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.